еМагазин
Локално

Пожарот кај Охрид локализиран, жариштето се уште активно

Пожарникарите вклучени во акцијата за гаснење на пожарот кај охридското село Опеница кои ноќта ја минаа на терен, изјавија дека огнот моментално е локализиран, но активно е неговото жариште, а температурата е висока што значи оти во секој миг може пожарот повторно да пламне.

Тоа што најмногу пречи во справувањето со стихијата, е густата непристапна шума, полна со ниска вегетација и багрем која не дозволува движење на луѓе кон сртот каде е пожарот.

Пламенот зафати борова шума со смрека и нискостеблеста вегетација на сртот на планината од Опеница во насока на Косел и Вапила, лево од магистралниот пат што води кон Ресен и Битола.

Веќе два дена на локацијата дејствуваат противпожарни екипи од Територијалната единица од Охрид и Ресен, потоа екипи на шумските стопанства од Охрид, Ресен и Кичево, на општинските јавни претпријатија, како и авионите за гаснење на Дирекцијата за справување со кризи.

Дежурните екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид што се на терен постојано се во координација со Кризниот штаб, така што од актуелната состојба и временските услови ќе зависи дали и во текот на денешниот ден ќе дејствува противпожарната авијација.

Инаку, селото Опеница се наоѓа околу осум километри северно од Охрид, така што чадот од огнот и непријатната миризба на моменти се чувствуваа и во самиот град.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар се шири во близина на Косел, Опеница и Вапила охридско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Автомобилите „пливаа“ по улиците во Битола: Силен и пороен дожд го „потопи“ градот

Редакција

Во Скопје 179 санкционирани возачи, 29 за брзо возење

Редакција

Лица на возраст од 27 и 49 години се загинатите во сообраќајката на патот Радовиш-Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница