еМагазин
Локално

Пожарот во Идризово бил поради застарена електрична инсталација

Пожарот во приемното одделение на затворот Идризово попладнево е изгаснат, изјави за МИА командирот на Бригадата за Противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томевски.

Во гаснење на пожарот е интервенирано со 12 пожарникари и со пет возила.

Во пожарот, кој во полицијата бил пријавен околу 14:00 часот, беше зафатена кровната конструкција, потврди директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

Повредени лица нема, а според првичните информации причина за пожарот е застарената електрична инсталација.

Лицата од приемното одделение во моментот на пожарот биле префрлени во други простории.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Филмска бркотница меѓу полицијата и полски хулигани во Скопје

Редакција

Два автомобили гореа во Скопје зафатени од пожар во контејнер

Редакција

Девет странски државјанки приведени од угостителски објект на регионалниот пат Тетово- Желино

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница