еМагазин
Балкан

Познат албански епидемиолог почина од Kовид-19, тој е петти лекар кој ја изгуби битката со вирусот

Уште еден лекар во Албанија почина како последица на опасниот коронавирус, јави дописничката на МИА.

Станува збор за еден од најпознатите албански епидемиолози, Вилсон Топули, со бројни научни трудови, а кој се соочил со повеќе епидемии кои владееле во земјата.

Веста ја објави Силва Бино, началник на одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје во Тирана, емотивно простувајќи се од својот долгогодишен колега.

„Оваа пандемија ни го зеде колегата Вилсон Топули. Тој беше историја и меморија на ИЈЗ. Прости ни што, не успеавме да те спасиме“, напиша меѓу другото Бино на Фејсбук.

Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, Топули е петти лекар кој умира како последица од Ковид-19.

Опасниот корона вирус зема се поголем замав во Албанија, каде овој месец во просек дневно се регистрираат по над 150 новозаразени. Во исто време се зголемува и бројот на починати, во просек по четворица пациенти дневно.

Според официјалната статистика 18 до 20 проценти од тестираните во едно деноноќие се позитивни.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган: Падот на турската лира е заговор против Турција

Редакција

Во гимназија во Босна и Херцеговина убиени директорот, секретарката и професор

Редакција

Денеска почина 19-годишно момче: 16. жртва поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница