еМагазин
Image default
Македонија

Позната процедурата за аплицирање за итни пасоши, Комисијата во МВР разгледала 77 барања

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев формирана е Комисија, која поради ограничениот број обрасци на патни исправи, по утврдени критериуми одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање на патни исправи.

„Имајќи го предвид наведеново, ги известуваме граѓаните дека барањата за издавање на патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за итни барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата.

Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител. Воедно ја информираме јавноста дека на 19 февруари Комисијата го одржа првиот состанок на кој беа разгледани вкупно 77 барања од граѓани,“ се вели во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво пасоши, сега кокаин: Кога партиите се караат на „грбот“ на МВР

„Изгледа пронајден е начинот како да се задржат сите во Македонија-нема пасоши“: Твитер реакции

Пасоши ќе се издаваат по приоритет, можна времена забрана за издавање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милчин до Адеми: Пицеријата кај чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?

Редакција

Комисијата препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, а ќе има и измени на антиката во учебниците

Редакција

Турција за скандалозна ја смета одлуката весникот „Заман Македонија” да добие пари од државата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница