еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

„Европејка во Белград“: Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан се вакцинираше против Ковид-19 во Србија и напиша одлична колумна

Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан во својата колумна „Европејка во Белград“ раскажа како се случило да се вакцинира во Белград.

Таа се осврнува и на состојбата со вакцинирање во нејзината држава Хрватска, која е дел од ЕУ, а се уште нема достапност до вакцини. Од друга страна пак Србија, која во Хрватска во однос на вакцините ја „обвинуваат дека шурува со Кина, Русија“, нуди можност за вакцинирање и тоа со која вакцина сакате.

„Малку е да се каже дека луди од среќа прошетавме по Кнез Михајлова. Што е ова? Кафулиња? Кафулиња! Отворени кафулиња?! Влеговме во еден. Испивме кафе како луѓе после којзнае колку време. Кое чувство.

Среќа, среќа, среќа. А тогаш те фаќа тага. Ќе се вратиме во заклучен град и заклучена земја, меѓу луѓе кои од своите политичари и Европа очекуваа спас, а добија…

Овде во Хрватска, за вакцините во Србија се вели дека „седи на неколку столчиња“, „шурува“ со Кинези, Руси и со сите од кои може да купи вакцини. За разлика од Хрватска која не „шурува“ со никој. Хрватска седи на една столица, седи на задник и закочена чека милост од своите господари. Овие дена е кристално јасно, дека тоа е залудно.

За три недели ќе одиме по втора доза. Повторно слободно ќе пиеме кафе, меѓу непознати со пријатели.

Ако ја доживеам и втората доза, ќе ја тргнам маската, ќе го бакнам внукот и ќе му кажам дека тоа му е белградски бакнеж од баба му,“ пишува меѓудругото во колумната.

Фото: Фејсбук/Ведрана Рудан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ман импортер Македонија“ го доби тендерот на „Национални шуми“ за набавка на камиони вреден 685.000 евра

Редакција

ЗК Пелагонија со добивка и намалени приходи во првиот квартал

Редакција

Кривична ќе има и за лицето кое го превезе Палевски од Србија во Турција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница