Владата на последната седница разгледувала информација за добивање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со трговското друштво за земјоделие и лозарство М-6 Аграр за површина под долгогодишни лозови насади од 877.945 квадратни метри.
Станува збор за компанија која е во целосна сопственост на матичното друштво М-6 ДОО Скопје во чија доминатна сопственост се винарската визба „Тиквеш“ и повеќе други компании.
„М-6“ е компанија на менаџерската шесторка предводена од Светозар Јаневски Снежана Славкова, Светлана Пендаровска и останатите кои своевремено излегоа од Скопска пиварница по продажбата на странски инвеститори.