еМагазин
Image default
Македонија

Познати тетовските кандидати за пратеници од Алијанса за Албанците за шестата изборна единица

Тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците ги утврди седумината членови кои се потенцијални кандидати за пратеници во рамки на изборната единица шест за парламентарните избори.

„Одлуките се донесени на денешната седница на Собранието на партијата во Тетово“, соопштија од партијата на нивниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тетовскиот огранок за пратеници ги предлага д-р Вулнет Ферати, потпретседател на партијата, Арта Точи, претседателка на женската организација, Флакрон Беџети, партиски портпарол, Алтрим Мамути, претседател на тетовскиот огранок, Аднан Незири, Афије Јонузи и Доника Бакиу од младинскиот форум на партијата.

На Собранието присуствуваше и претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села.

МИА/Фото: Фејсбук/Алијанса на Албанците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродаден целиот тираж од новата книга на Никола Груевски

Редакција

Владата одлучи: Нема продолжување на школската година

Редакција

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница