еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците од власта не прифатија да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс за Џафери

Со пет гласа „против“ и четири „за“ денеска на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања не беше прифатен предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, претседател на Собранието.

Откако птретседателот на Комисијата Панчо Минов го прочита предлог дневниот ред петмина пратеници од власта гласаа против дневниот ред, додека четворица членови на опозицијата беа да се расправа за предлогот.

Минов констатира дека не е прифатен дневниот ред и ја затвори седницата.

Пријавата беше поднесена од пратениците Дафина Стојаноска, Антонио Милошоски, Ели Панова, Рашела Мизрахи, Александар Николоски, Дајанчо Ефтимов, Александар Велјановски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Зоран Коцевски, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Лидија Петкоска, Бојан Стојаноски, Велика Стојкова Серафимовска, Даниела Христова, Иванка Василевска, Благица Ласовска и Љупчо Пренџов, откако во јавноста беше објавена снимка на која се слуша Џафери како со висок тон и пцости се обраќа кон вработени во собраниските служби.

Собранискиот спикер Џафери на последниот брифинг со новинарите рече не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со погрдни зборови. Тој не смета дека го прекршил Етичкиот кодекс и вели дека за ова прашање има процедура која тече во телата на Собранието.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорчев ја објави претседателската кандидатура: Очекува повеќе од 500 илјади гласови

Редакција

Каков имот пријавил екс директорот Нехат Нухи, осомничен за случајот „Онкологија“

Редакција

Предлог – законот за Јавното обвинителство помина на владина седница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница