еМагазин
Image default
Македонија

Пратеникот Гаши сведочеше за “организаторите на настаните од 27 април“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Пратеникот Африм Гаши, како сведок повикан од одбраната, рече дека бил координатор на пратеничката група Беса и учествувал на координативниот состанок пред конститутивната седница.

– На 27 април преку ден бев во Собранието и попладне не можев да присуствувам, но знам дека собиравме потписи за продолжување на конститутивната седница во петок, рече Гаши.

Прашан дали спикерот Трајко Вељаноски ускратил нечие право на збор, Гаши рече дека тој се држел до Деловникот на Собранието.

Во однос на пеењето на пратеникот Зеќирија Ибраими, Гаши рече дека никогаш не се зборувало за такво нешто.

Следен е сведокот Сања Угриновска Спасеновска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА/Фото: Фејсбук/Гаши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случајот со Блерим Рамадани се враќа на повторно одлучување и постапување: Врховен го укина Решението на Кривичен суд

Редакција

„ТНТ“ по две години започна од почеток: Ќе има ли епилог за уривањето на „Космос“ на Фијат Цановски?

Редакција

Бугарски весник се мајтапи со премиерот: Карикатура на Заев и „морковот и стапот на ЕУ“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница