еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеникот на Движењето Беса, Бастри Бајрами од денеска ќе дејствува како независен

Досегашниот пратеник на Движењето Беса, Бастри Бајрами информира дека од денеска ќе дејствува како независен.

Досега се уште нема никакви официјални информации како ќе дејствуваат доскорешните пратеници на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Коџаџику, кои најавија формирање на ново политичко движење.

По завчерашната средба на Изет Меџити со претседателите на Алтернатива, Африм Гаши и на Движењето Беса, Биљал Касами за можна соработка на албанската опозиција, потпретседателот на Беса, Аријанит Хоџа исто така во објава на социјалните мрежи се огради од, како што напиша, политичките дејствија во т.н „опозициски блок“.

-Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива немаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор.

За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес-конференција во текот на оваа недела, стои во објавата на Хоџа.

МИА/Фото: Бајрами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Срце и бубрег ќе бидат трансплантирани од млада пациентка, на која и е дијагностицирана мозочна смрт

Редакција

Убава вест: Оздравени 293 болни од Ковид-19

Редакција

Рекордни 177 нови случаи на заболени од корона вирусот, од нив 105 во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница