еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Празнична донација на ОКТА за ранливите групи граѓани

Во пресрет на божикните празници, ОКТА обезбеди помош за ранливите категории сограѓани. Со средствата кои компанијата ги донираше на Црвениот крст на Град Скопје се обезбедени пакети со прехранбени продукти, информираат од таму.

Тимови на Црвениот крст ги дистрибуираа пакетите до социјално најранливи семејства во земјава на кои помошта им е најпотребна.

„Како организација и како поединци веруваме во принципите на хуманоста, и затоа преку различни активности се трудиме да ја дадеме нашата поддршка онаму каде е најпотребна. Благодарни сме што имаме ресурси и можност да помагаме, и се надеваме дека со оваа донација ќе успееме барем малку да го направиме овој празничен период од годината, поразличен и за лицата во социјален ризик,” рече Деан Стојковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА.

Покрај редовното вклучување во добротворни активности, вработените се горди што во рамки на ОКТА веќе 41 година дејствува и посебна организација на Црвениот крст, која континуирано ги промовира хуманите вредности и активно организира акции на крводарителство и волонтерство, со цел поддршка на загрозените и ранливи категории на население.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арменд Ајредини од Македонија второнаграден на регионалниот конкурс за карикатури, организиран од холандското МНР

Редакција

Над 100 пластични хирурзи, дерматолози, стоматолози и орални хирурзи дел од Првиот меѓународен Симпозиум за естетска медицина

Редакција

НЛБ Банка со донација за Територијалната противпожарна единица во Берово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница