еМагазин
Image default
Македонија

Празниците и убавото време да ги искористиме одговорно, да не се групираме и кршиме мерките, порача Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека состојбата со епидемијата бележи надолен тренд и мерките дале резултати.

„Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките.

Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита. Има многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот.

Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет.

Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците. Ви благодарам,“ напиша Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Целта на отварањето на бугарските здруженија со вакви имиња е да го забави зачленувањето во ЕУ, вели директорот на Агенцијата за разузнавање, Муслиу

Редакција

Гази Баба и Аеродром на врвот: Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Матичните лекари за утре најавуваат протест, ќе работат единствено со итни случаи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница