еМагазин
Image default
Бизнис

Пред година и пол хакери нападнале две најголеми банки во државава, откри Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека пред година и пол неколку институции во државата, меѓу кои и две банки, биле цел на хакерски напади, и дека имало истрага со форезничари од внатре и надвор.

Било откриено од каде доаѓаат нападите, но не било откриено дали тие групи биле спонзорирани од држави.

„Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади. Мојот кабинет не го сметам во таа категорија, но неколку пати ни е соборуван сајтот.

Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство.

Заклучија дека нападот е од надвор, и истрагата води до некои групи за кои не можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат реалиција со некои држави.

Имавме и четворица форзеничарни од западните држави. Рекоа дека се тие групите… И големите земји немааат шанси со сигурност да утврдат кој им се меша во нивните избори како што е Пентагон на пример. Има индиции дека хакери се мешале и во изборите во Франција, па дури и во Брегзит“, изјави Пендаровски.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гранит“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за докомплетирање на автопатот Миладиновци-Штип вреден 5,7 милиони евра

Редакција

Прилепска пиварница по третпат купи 100 сопствени акции

Редакција

Прв лет Софија-Скопје: Слета авионот на Гуливер со македонска и бугарска делегација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница