еМагазин
Image default
Македонија

Предлог-законот за јавно обвинителство се уште не е пристигнат во Собранието, седницата може да се одржи на 29 јули

Предлог-законот за јавно обвинителство се уште не е пристигнат во Собранието, но доколку биде доставен во текот на денешниот ден или утре, собраниска седница ќе може да се свика на 29 јули, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Доколку денеска и утре законот пристигне во Собранието, на 29 јули можам да свикам седница и да помине во прво читање. Потоа во рок од седум дена од првото читање законот треба да помине и на матичната комисија, а од 26 до 30 август може да се свика седница за второ читање на законот. Но, тоа е ситуација доколку се усогласат ставовите, рече Џафери.

Тој додаде дека, американската амбасадорка Кејт Бернс на денешната средба во Собранието му поставила прашање, дали законот би можел да биде донесен до 15 септември. Џафери појасни дека законот би можел да биде донесен до крајот на август доколку постои согласност за него меѓу политичките субјекти во Собранието.

Џафери рече и дека формално одморот на пратениците ќе трае до крајот на август, но вообичаено веќе од 25 -26 август, комисиите започнуваат со активности.

Првата наредна седница после одморите Собранието треба да ја одржи во септември, но можно е седница да се свика и порано доколку има потреба.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сеад Кочан бара помилување од државата по поминати две години и два месеци во затвор

Редакција

Во судница се читаа 103 СМС пораки меѓу Јанакиески и Ставрески за „Траекторија“

Редакција

Сите детали од обвинението за упадот во Собранието: Човек од ДУИ го брифирал Груевски?

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница