еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Предупредување од Интерпол: Нов предизвик на социјалните мрежи – групно самоубиство на млади луѓе

Министерството за внатрешни работи на Србија доби писмо од Интерпол со предупредување дека циркулираат информации за повик за групно самоубиство на млади луѓе.

По тој повод, Министерството за внатрешни работи апелира до родителите да ги следат активностите на своите деца на социјалните мрежи.

Министерството било известено до Интерпол за информации што кружат на една социјална мрежа, во врска со групното самоубиство на млади луѓе, по што, иако дописот е само за информација, српското МВР веќе ги проверува наводите.

– Припадниците на Министерството за внатрешни работи со максимална претпазливост пристапуваат кон проверка на наведената или слична содржина на социјалните мрежи.

Исто така, апелираме до родителите да обрнат внимание на однесувањето на нивните деца и содржината што ја следат на социјалните мрежи, соопшти српското МВР.

На крајот на јануари, Италија ја потресе смртта на десетгодишно девојче кое почина поради предизвик на „ТикТок“.

Предизвикот, како што се наведува, имал за цел да се остане што подолго без воздух, што имало фатални последици за девојчето.

По овој случај, во Србија се појави веста за самоубиството на момче, што наводно имаше врска со овој предизвик на социјалната мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Смртоносни предизвици на „Тик-Ток“, родители отворете ги очите

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стартуваа подготвителните активности за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција

Како држава не сме под некоја безбедносна закана, но економските импликации веќе се чувствуваат, вели Османи

Редакција

Прележувањето не е гаранција: 116 лица во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19, двајца од нив починале

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница