еМагазин
Image default
Локално

Прекината свадба во тетовско со 80 гости, кривична за хотелот и менаџерот

СВР Тетово поднела кривична пријава против правно лице од Тетово и едно лице од тетовското село Мала Речица за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.

Како што информира Министерството, полициските службеници при контрола во хотелот констатирале дека се организира свадба со 80 гости.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – хотел од Тетово и Д.С.(39) од с.Мала Речица, тетовско, како менаџер во хотелот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 07.03.2021 полициски службеници извршиле контрола во хотелот, при што било констатирано дека во него се организирала семејна веселба – свадба, каде имало 80 гости, се наведува во соопштинето на Министерството.

Од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат локалот бил затворен, а Д.С. бил лишен од слобода и приведен во просториите на СВР Тетово за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден патник по пад во приватна 22-ка во Скопје

Редакција

Првпат во сезонава утре ќе работи новата шестоседна жичница „Лајтнер“ на Попова Шапка

Редакција

Тешко повреден вработен во АРМ при постапка за деактивирање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница