еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Преку Развојната банка ќе се пласираат 18 милиони евра кон домашните компании

Развојна банка (РБСМ) денеска ги повлече третата и четвртата транша од заемот за мали и средни компании од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 18 милиони евра.

Со овие транши, како што информираат од РБСМ, се обезбедува поддршка на 45 проекти на домашни мали и средни компании и средно пазарно капитализирани компании кои ќе вработат нови 145 лица.

-Од траншата, најголем дел од средствата, 14,7 милиони евра, се наменети за компании во сегментот на трговијата и производството. Компаниите ги користат средствата од кредитната линија преку матичните комерцијални банки за заеми за тековни средства, со каматна стапка до 1,6 проценти, соопшти Развојната банка.

До сега, од ЕИБ 6 кредитната линија се повлечени вкупно 77,1 милиони евра за 227 компании, кои ќе вработат нови 608 лица.

-Со овој заем кој Развојната банка го склучи со ЕИБ во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарно капитализирани компании.

Преку заемот, се поддржуваат домашни компании од трудоинтензивните дејности како производство, туризам и услуги, за брзо закрепнување од Ковид-19 пандемијата. Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и задржување на работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности, порачуваат од Развојната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на извозот во јануари и февруари

Редакција

Инфлацијата и цената на енергенсите, ризици за компаниите, потребни се нови финансиски мерки за нивно ублажување

Редакција

Ваучери од 12.000 денари за летување во домашните хотели: Објавен јавниот повик за организаран одмор на работници со ниски приходи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница