еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Премиерот Спасовски треба да направи тест за Ковид-19 неделава, смета Филипче

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремирот за европски прашања, Бујар Османи, министрите за здравство и образование и наука, Венко Филипче и Арбер Адеми, кои се во самоизолација од минатата недела откако имаа контакт со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, кој е позитивен на Ковид -19, се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми.

Ова го истакна министерот Филипче во одговор на прашање на денешната прес-конференција, оценувајќи дека сите биле во различен ризик и оти треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела.

-Сите бевме во различен ризик. Сметам дека треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела.

Чекаме да поминат најмалку седум дена, а после ќе ги пратиме препораките на епидемиолозите и согласно нашата здравствена состојба. Засега сите се во добра здравствена состојба без апсолутно никакви симптоми или тегоби, изјави Филипче.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15 вработени од маркетот во Велес, каде што имаше позитивен од корона вирусот, одат во самоизолација

Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март

Општина Боговиње со најмногу, 24 заболени од коронавирусот во тетовскиот регион

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави плати лани имал менаџментот на Дебарски бањи-Цапа

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 375 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Заев, Груевски и Ахмети имале тајни средби за измените на Кривичниот законик, тврди лидерот на ДУИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница