еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Премиерот Заев го пријавил случајот „Рекет“ на 22 април годинава

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук-профил попладнево соопшти дека случајот „Рекет“ го пријавил на 22 април 2019 година.

„Денес добив прашање од медиумите за точниот датум кога сум го пријавил случајот „Рекет“. Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет“ го пријавив на 22 април 2019 година“, напиша премиерот.

На новинарско прашање денеска тој одговори дека одржал состанок десетина дена пред бизнисменот Орце Камчев да ги однесе документите и материјалите во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и дека на средбата присуствувале државниот обвинител и обвинителката за гонење организиран криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинар од 1ТВ сведочеше за „Рекет“: „Боки 13 ми нарачуваше теми за телевизијата да живее од нешто“

Сведок во „Рекет“: Во домот на Боки 13 доаѓаа Богоев, Филипче, Кирацовски…

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оливер Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ

Редакција

Недостигаат осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на уставните измени, вели Османи

Редакција

Мицкоски бара да се ослободат од работа хронично болните поради загадувањето на воздухот и пандемијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница