еМагазин
Image default
Македонија

Премиерот Зоран Заев не побарал оставка од градоначалникот на Демир Хисар

Одговарајќи на прашање дали побарал оставка од градоначалникот на Демир Хисар за видеото кое излезе во јавноста, премиерот Зоран Заев одговори дека МВР спроведува истрага и дека градоначалникот бил на трибината во првиот ред.

„Не беше во делот на тие што имаа обраќање, мислам дека така е чесно додека трае истрагата на МВР, тој беше повикан на разговор, кој е направен, понатаму се истражува, но она што можам да го гарантирам на граѓаните на Р.Македонија е никогаш повеќе нелегално прислушување во Македонија“, изјави Заев.

Верува, дека кои и да биле причините за кои што, градоначалникот зборувал пред колеги, наставници во училиштето било негов личен порив.

„Секако јас ќе останам да ги дочекам истрагите од МВР кои што ги прават“, изјави премиерот Заев.

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автопатот Миладиновци-Штип ќе остане „Гоце Делчев“, не се знае кога ќе бидат поставени таблите со неговото име

Редакција

Караџовски вели дека бил во Обвинителството поради службени обврски, но не кажа во врска со што

Редакција

Португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ, со унилатерална изјава за бугарскиот став, вели Димитров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница