еМагазин
Image default
Бизнис

Препораки за корисниците на А1 Македонија, поради состојбата со корона вирусот

А1 Македонија ja известува јавноста дека активно ја следи состојбата и развојот на настаните поврзани со вирусот COVID-19 во земјата и ги презема сите потребни мерки за превенција и заштита на своите корисници и сите вработени во компанијата.

„А1 Македонија ги создава сите услови за минимизирање на непосакувани ситуации и поедноставување на функционирањето во новонастанатите услови предизвикани од COVID-19.

Како компанија посветена на развојот на дигитални услуги, потсетуваме дека сите информации за нашите услуги се достапни на нашата веб страница www.a1.mk или преку повик во А1 Контакт центарот на телефонскиот број 077 1234 во текот на 24/7,“ се вели во соопштението на компанијата.

Дополнително, корисниците можат да активираат дополнителни услуги и да ги имаат на увид своите сметки преку апликацијата Мојот А1 која може да се преземе на следниот линк: www.a1.mk/mojot-a1-promo, додека своите сметки корисниците можат електронски да ги платат на www.a1.mk/plati-smetka.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Група угостители на големо ги прекршуваат мерките за заштита од Ковид-19, вели директорот на Пазарна инспекција

Редакција

Мермерен комбинат ќе дели дивиденда од 2,24 евра по акција

Редакција

(Фото) Од денеска почнува со работа хотелот “Конак Пониква“, еве кои се цените

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница