еМагазин
Image default
Македонија

Пресудата за „Титаник 2“ доставена до осудените Сашо Мијалков и Мендух Тачи

Пресудата за „Титаник 2“ е доставена до осудените лица, кои по приемот имаат право на жалба преку Основниот суд Скопје 1 до Апелациониот суд во Скопје, информираат денеска од Кривичниот суд во Скопје.

– Заради зголемен интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека пресудата за предметот со КОК бр. 62/17 од обвинителството означен како „Титаник 2 “, објавена на јавна расправа на 08.03.2019 година, е писмено изработена и експедирана до странките кои по приемот на истата имаат право на жалба преку Основниот суд Скопје 1 – Скопје до Апелацискиот суд – Скопје, а во меѓувреме пресудата е во фаза на преведување и на албански јазик, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1.

Пресудата за случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), судот ја објави на 8 март годинава.

За изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков доби казна затвор од три години, исто толку добија и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, додека лидерот на ДПА, Мендух Тачи доби три години и два месеца, а највисока казна од четири години и шест месеци му беше изречена на Бедредин Ибраими.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарски преглед на Димитар Димовски го одлужи судењето за „Топлик“

Редакција

Мицкоски образложи зошто Град Скопје, Струмица, Теарце и Сарај се одбиени за пари од унгарскиот кредит

Редакција

Случај „ТНТ“: Рустеми побара затворска казна за Груевски и повлече дел од обвинението за Јанакиески

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница