еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладене сончево и топло време, а попладне пороен дожд

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Ветерот повремено на некои места ќе засилува на интензитет.

Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од Африка, и истите во следните денови ќе бидат натпросекот и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во најтоплите предели температурите се очекува да надминат 35 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја запроси Соња: „Доста беше, до вечноста“

Редакција

Доктор Кунгуловски: Ниту една вакцина не предизвикува болест, само се намамува имунолошкиот систем да реагира

Редакција

(Видео) На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница