еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладне сончево, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во петок ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност.

Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 километри на час) што ќе услови намалување на дневната температура.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За непоседување зимска опрема казна од 45 евра

Редакција

Нико Беќаровски: Многу внимателно со кислородните боци во домашни услови, високите дози може дополнително да ги уништат белите дробови

Редакција

(Галерија) Во Fit Family вежбајте и слабејте заедно со познатите: Метода со која се постигнува вистинска трансформација на телото

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница