еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претрес во Управата за финансиска полиција

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми.

Информацијата за МИА, ја потврди шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

– Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, изјави за МИА Русковска.

Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груби: Ахмети има преземено иницијатива за план Б, која е доставена и до Бугарија, за почнување на преговорите со ЕУ

Редакција

Куманово и Дебар со ист број заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по градови

Редакција

Проф. Трајковски: Бранот е започнат, а реинфекцијата со Ковид-19 кумулативно додава ризици за хоспитализација и морталитет, покажуваат најновите истражувања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница