еМагазин
Image default
Локално

Претреси во Делчево: Откриена група малолетници што фалсификувале пари

На 25.11.2020 од страна на А.К. од Пехчево околу 19.30 часот е пријавено кривично дело „фалсификување на пари“ од чл.268 од КЗ, информира МВР.

„Имено А.К., продавачка во продавница пријавила дека во продавницата влегло машко лице и побарало една кутија цигари, но бидејќи немал денари, платил со банкнота од 50 евра.

Подоцна А.К. се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила во полициска станица. Од страна на ОВР Берово, по овластување на ОЈО Кочани, е извршен увид во продавницата и извршени се оперативни проверки, од кои е дојдено до сознание дека можен сторител е малолетник (17) од Делчево, а биле инволвирани и други лица.

На 26.11.2020 полициски службеници од ОВР Делчево извршиле претрес на три локации во Делчево и извршен е разговор со четири лица. Претрес е извршен кај С.М. (19) и во домови на двајца малолетници (17) и (16) од Делчево.

Од извршените претреси одземени се лаптоп, три мобилни телефони и испечатани разни банкноти. Потоа во полициска станица извршен е разговор со уште еден малолетник (16) од Делчево. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раководството на градинката „Буба Мара“ треба да го расветли случајот со дрското однесување на негувателка

Редакција

Приведена 62-годишна скопјанка, го нарушила јавниот ред и мир за време на прес-конференција со најавен протест

Редакција

Приведен 39-годишен маж кој на дете му даде оружје и го објави на Tик-Ток

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница