еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Претседателот на ИАБ Македонија, Ефтимовски: Огласувачите да ги зголемат буџетите за дигиталните издавачи во Македонија

Претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски ги повика најголемите огласувачи во Македонија во своите адвертајзинг буџети за наредната година да го зголемат делот предвиден за огласување преку домашните веб портали.

“Очекуваме од домашните компании и медиски агенции во своите буџети за наредната 2019 година да издвојат поголем дел за дигиталните издавачи и македонски веб портали, пропорционално на импактот кој тие го имаат во секојневието на македонските граѓани“, вели Ефтимовски и надополнува: “Просто неверојатно звучи податокот дека третата најголема национална телевизија има поголеми приходи од водечките 30 македонски веб портали заедно.

Овој сооднос помеѓу огласувањето на двата водечки канали, телевизијата и интернетот, е неприфатлив и целосно не одговара на улогата која веб порталите ја имаат во општеството во делот на информирање, едукација, забава и во севкупното поминато време на медиско конзумирање“.

Според него, огласувачите треба дополнително да го поддржат развојот на квалитетните веб портали во Македонија и процесот на само-регулација, преку поголема застапеност на веб медиумите кои го прифаќаат Етичкиот Кодекс на ИАБ во нивните медиски планови.

ИАБ Македонија е дел од интернационалната мрежа IAB Worldwide со седиште во Њујорк, која преставува најголема глобална мрежа што ги обединува медиумите, маркетинг агенциите и огласувачите со цел развој на онлајн огласувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовски Теал лани со загуба

Редакција

Бројот на загинати на божиќниот базар во Германија се зголеми на пет, напаѓачот бил издрогиран

Редакција

Детална листа: Објавени списоците на корисници на финансиска помош за енергетската криза

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница