еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателот на Кривичен, Иван Џолев, доби втор мандат

Претседателот на Основен Кривичен суд Скопје, Иван Џолев, на денешната седница на Судскиот совет по изборот во 2017 година, беше одново избран за претседател.

Тој беше и единствениот пријавен за оваа позиција, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.

По вторпат, исто така, беше избрана и Емел Кранли Али, за претседателка на Основниот суд во Ресен.

Освен во Скопје и Ресен, на денешната седница треба да се изберат претседатели на Основните судови во Тетово и Виница.

Судии на денешната седница треба да се бираат и за Апелациониот суд во Гостивар, како и Кривичните судови во Скопје и Штип.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Фатон Асани, кој не е повеќе директор на Агенцијата за управување со одземен имот

Редакција

Летонија – потенцијален нов пазар за ,,Грин машинс“ на Брако

Редакција

Денеска на МРТ 1 прво и единствено соочување на сите кандидати за претседател

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница