еМагазин
Image default
Македонија

Претседателот на валандовскиот совет позитивен на коронавирус

Претседателот на Советот на општина Валандово, Владимир Марков, денеска ја потврди информацијата дека бил позитивен на Ковид-19 и оти за разлика од претходните неколку денови, од утрово се чувствувал подобро.

Тој се лекувал во домашни услови, и моментно е изолиран од членовите на семејството кои покажале негативни резултати на тестирањето.

Поради новонастанатата ситуација, валандовскиот совет својата наредна седница ја закажа за петок, 30 октомври и ќе ја одржи далечински.

Инаку и во општина Валандово епидемиолошката ситуација е неповолна. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје на територијата на општината активни на Ковид-19 се 39 пациенти. 

МИА/Фото: Општина Валандово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендаровски од едни исвиркан, од други поздравен со аплауз на Галичка свадба

Редакција

Ковачевски: Оставив на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат во кој формат ќе биде средбата в среда, очекувам отворен разговор

Редакција

Детален преглед: Што пишува во уставните нацрт – амандмани предвидени со договорот за името со Грција?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница