еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Пријатно изненадување: Група млади татковци отворија фејсбук-страница „Одговорен татко“

Група млади татковци започнаа иницијатива за зголемување на свесноста кај татковците за нивната улога во развојот на детето. Отворија фан страна на социјалната мрежа „Фејсбук“ наречена „Одговорен татко“ како интернет платформа која има за цел да ја зголеми свесноста за поимот „Одговорно татковство”.

Фан страна ќе претставува место каде секојдневно ќе се споделуваат едукативни содржини, реални ситуации со кои се соочуваат татковците, проблеми, решенија, совети од стручни лица но главен акцент ќе биде ставен на размената на искуствата на татковците во 21 век и нивната улога кога се децата во прашање.

Од тимот на инивијативата повикуваат: „Татковци, ајде да направиме социјална револуција и да покажеме на сите колку сме и ние посветени во растот и развојот на нашите деца.

Посебно внимание посветуваат на глобализациските трендови и родовата еднаквост, која во ова комплицирано општество и борба за егзистенција изискува потреба од еднаква поделба на обврските дома, надвор од дома, на работа, итн.

Иницијативата има за крајна цел да докаже дека во нашата држава „татко“ станува една одговорна улога која по добивањето на детето му дава поинаква смисла на животот на сите чинители на едно среќно и задоволно семејство.

Изразуваат надеж дека оваа иницијатива, по обезбедување соодветни финансиски средства ќе прерасне во вистинска онлајн и офлајн револуција, која ќе придонесе да се слушне гласот на таткото.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Редакција

Поранешна Југославија се „обедини“ за бојкот на маркетите

Редакција

(Фото) Со нова крводарителска акција „Алкалоид“ го одбележа 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница