еМагазин
ЖИВОТ

Пријавете се за Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово

На падините на Маврово годинава по 18-ти пат ќе се одржи традиционалниот Аматерски хуманитарен велеслалом.

Од 21-ви до 23-ти февруари, на овој настан ќе учествуваат компании кои, преку котизација, ќе дадат поддршка на Фондацијата Импакт, која преку проектот “PAWSITIVE IMPACT” се грижи за бездомни животни. Организатор на настанот е Ресорт Маврово, чиј сопственик потенцира дека ова не е новина за компаниите, кои редовно се дел од оваа хуманитарна активност.

„Во изминатите 17 години, компаниите преку учеството на хуманитарниот велеслалом, поддржаа бројни хуманитарни активности. Како организатор обезбедуваме и видливост за секоја компанија – учесник во хуманитарниот настан, односно, учесниците имаат можност на целната рамнина да постават свој банер, реклама или брендирано знаме со лого. Покрај можноста да бидат лесно препознатливи, ќе можат и да навиваат за своите натпреварувачи.

Ова не е новина за компаниите со професионални скијачи и скијачи аматери, кои редовно се дел од оваа хуманитарна активност, со која годинава ќе помогнеме на група немоќни, но воедно и најдобри пријатели на човекот“, вели Огњан Циговски, директор на Ресорт Маврово.

Според него, оваа донација ќе обезбеди заштита од студот и оброци за бездомните кучиња преку “PAWSITIVE IMPACT”, проект за помош на бездомни животни имплементиран од Фондација Импакт, непрофитна организација АМОС Шелтер и Општина Маврово и Ростуша.

Собраните пари ќе се искористат за конкретни активности, како што се формирање тим за волонтирање и помош во Маврово, подигнување на свесноста за одговорност кон уличните животни, подготовка на информација и на организација на систем за одделување, селектирање, пакување и доставување храна од хотелите на Ресорт Маврово до стационарот за бездомни кучиња Амос Шелтер и на познати локации во село Маврово, стерилизација на бездомните кучиња во Маврово, вакцинирање и прочистување од паразити, акција за вдомување на бездомните животни од Маврово и Амос Шелтер, создавање тим билдинг програма каде општествено одговорни компании може да помогнат во изградба на живеалишта и засолниште за бездомни животни, како и изградба на топли еко-куќарки на различни локации во Маврово каде привремено ќе можат да се стоплат кутрињата.

Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се одржа од 7-ми до 9-ти март 2003 година на ски- лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Тогаш учествуваа 35 тимови со повеќе од 100 учесници.

Годинава, котизацијата за пријавување на еден тим изнесува 12.000 денари. Според правилата, секој тим мора да е составен од тројца учесници во две категории – машка и женска и тимот може да биде составен само од скијачи, само бордери или мешано, скијачи и бордери. Во машка категорија има поделба на јуниори – ученици на возраст до 40 години и ветерани кои се на возраст над 40 години.

Пријавувањето за учество е преку електронската адреса: [email protected] со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 18-ти АХВМ, а повеќе детали за пропозициите, правилата и пријавувањето може да најдете на skimavrovo.com.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Коста Хаџиантоновски, творецот на „Мал битолски Монмартр“

Редакција

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката во стабилна состојба

Редакција

Проф.Трајковски со лично искуство: Kако една доза од вакцината на „АстраЗенека“ ме заштити од тешка форма на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница