еМагазин
Локално

При претрес му пронашле 5,5 килограми марихуана и пиштол

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од село Будаково, Општина Могила поради постоење основано сомнение дека пријавениот извршил кривично дело ”неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори” казниво по член 215 и “неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 став 1 од Кривичниот закон на Р.Македонија, информира МВР.

На 28.12.2018 година при претрес на домот на пријавениот пронајдена била една патничка торба со шест паковки ,завиткани во најлонска и селотејп трака со вкупна тежина од околу 5,5 кг. марихуана и пиштол за кој пријавениот не поседувал дозвола.

На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец ќе настрадал во обид да си го угаси опожарениот „Фолксваген Пасат“

Редакција

Зачестени физички напади во Скопје

Редакција

Обвинет за убиство сакал со лажен идентитет да се врати во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница