еМагазин
Image default
Бизнис

Приходите на „Старбакс“ зголемени на 6,3 милијарди долари

Американската компанија „Старбакс“ во третото тримесечие од годинава оствари приход од продажба од 6,3 милијарди долари, што е за 10,6 отсто повеќе од минатата година.

Зголемувањето на приходот е резултат на повисоките цени на производите во САД и зголемена продажба во Кина.

Најголемиот светски синџир за кафе на својот најголем пазар во САД се бори со конкуренцијата помеѓу најдобрите кафулиња и синџири за брза храна. Како одговор на тоа, компанијата затвори неколку кафулиња кои имаа лоши резултати. Во исто време, дозволи компанијата „Нестле“ ексклузивно да продава пакувани „Старбакс“ кафиња и чаеви низ целиот свет, при што преку швајцарската компанија оствари приход од 7,15 милијарди долари.

–  Во фискалната 2019 година влегуваме со агенда за раст фокусирана на нашите пазари со долгорочни стапки на раст – САД и Кина, изјави извршниот директор на компанијата, Кевин Џонсон.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во октомври

Редакција

Македонската берза ги исклучи од котација акциите на „Бетон Штип“

Редакција

Ако продолжи војната во Украина растот ќе биде уште помал: Светска банка за годинава ни предвидува раст на економијата од само 2,7%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница