еМагазин
Локално

Прилепчанец почина во сообраќајка со камион

На 27.08.2018 година во 11,20 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп во близина на бензинската пумпа “Лукоил“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Даф“ со приколка „Коегел“, со радовишки регистерски таблици, а управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и патничко моторно возило „Фиат Фиорина“ со прилепски регистерски таблици, управувано од П.Т.(51) од Прилеп, информира МВР.

Oд здобиените повреди на местото на настанот починал возачот П.Т.. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица со безбол палки нападнале момче и девојка во Скопје

Редакција

Охриѓанец се тепал на „Туристичка“ наместо да биде во изолација

Редакција

Едно лице е потешко повредено при пукање во Чаир

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница