Групата Современ дом АД Прилеп во периодот од 01.01 до 30.06.2021 година оствари вкупни приходи од 53.158 илјади денари, кои се помали за околу 6 % во однос на истиот период во 2020 година, информираат од таму преку Македонската берза.
“Во овој период остварен е позитивен финански резултат во износ од 5.241 илјади денари и споредбено со истиот период од минатата година намален е за 46 %.
Вкупните расходи изнесуваат 47.917 илјади денари и истите се зголемени за околу 1% во однос на истиот период во 2020 година“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По понудата за преземање: ЗСФ-КОМ и Современ дом купија 21.224 акции од Скопски пазар
Современ дом лани работел со добивка