еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пример за почит: Младиот Борјан даруваше крвна плазма за лекување на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил бјави фотографија од 24- годишниот Борјан кој даруваше крвна плазма за да им помогне на заболените од Ковид-19.

Филипче информира дека станува збор за излекуван пациент од овој непредвилив вирус и без размислување се одлучил да дарува конвалесцентна плазма за да спаси човечки живот.

„Горд сум што во овие тешки денови со светската здравствена криза на дело ги покажуваме нашата хуманост и грижа“, вели Филипче.

За Борјан дарувањето на крвна плазма не е хуманост, ниту пожртвуваност, туку минимален чин на одговорност кој секој од нас е должен да го понесе за да им помогне на оние кои им е најмногу потребно – заболените од корона вирусот.

„Оној којшто спасува еден човечки живот, го спасува целото општество. Но, исто така преку дарувањето на конвалесцентна плазма им даваме и силна поддршка за белите мантили кои секојдневно се изложуваат на ризик во првите борбени редови против светската пандемија. Да ги спасиме нашите родители, баба и дедо“, вели Борјан.

Фото:Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева во затвор работи како библиотекарка

Редакција

Пожарникари во Тетово извлекле три автомобили со патници, кои заглавиле во вода под надвозник по обилните врнежи

Редакција

Грозоморни убиства низ Македонија: Пронајдени човечки трупови во резервоар за гориво од камион и вреќа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница