еМагазин
ДОБРОСОСЕДСТВО

Пристигнаа 20.000 вакцини „АстраЗенека“ донација од Грција

Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини „АстраЗенека“, информираше министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

„Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност.

За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел.

Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација, бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид-19,“ напиша Филипче.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Ципрас ја добија Меѓународната награда за мир на Вестфалија

Редакција

Домаќинот на „Отворен Балкан“, Вучиќ ги пречека Димитров и Рама во Белград

Редакција

Ќе се отвора граничен премин Маркова нога со Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница