еМагазин
Image default
Македонија

Притвор од 30 дена за напаѓачот кој претепа скопјанец на кеј „13 Ноември“, а кој подлегна на повредите

Напаѓачот кој на 3 август на кеј „13 Ноември“ физички го нападна 66-годишниот скопјанец кој потоа почина од нанесените повреди, е фатен и одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Од МВР денеска информираа дека е поднесена кривична пријава против 43-годишниот А.Б. Тој на 3 август околу 2 часот по полноќ во алкохолизирана состојба дошол пред монтажниот објект за продажба на книги каде во тој момент престојувал сега починатиот С.М. и започнал да тропа по прозорците. Откако С.М. му отворил, напаѓачот почнал вербална расправија и без никаков повод физички го нападнал удирајќи го со тупаници и клоци по телото и главата.

Од ударите С.М. се здобил со нагмечување на мозочната маса и пренесен е во Ургентниот центар во Скопје каде на 11 август им подлегна на повредите.

Врз телото на починатиот е извршена обдукција при што е констатирано дека се работи за насилна смрт која настапила како последица од нанесената тешка телесна повреда.

Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека се исполнети законските обврски за определување на мерката притвор.

– Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор за осомничениот и достави Предлог до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице со Решение му изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Манчевски четири часа сведочеше на судењето за насилството во Собрание

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 63 пациенти, а вкупно се лекуваaт 520

Редакција

МНР ги повика македонските државјани да ја напуштат и Русија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница