еМагазин
Image default
Локално

Притвор од 30 дена за осомничениот за синоќешното убиство во Тетово

На осомничениот за синоќешното убиство во Тетово судија му одреди 30-дневен притвор, на предлог на надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, кое нареди и истражна постапка против лицето за сторени две кривични дела  – убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Осомничениот синоќа во 23.50 часот во објект на ул. „29 Ноември“ во Тетово лишил од живот едно лице. Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица кои консумирале алкохол.

„Во еден момент сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. Притоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на самото место. Сведоци на настанот се останатите три лица кои беа задржани во полициска станица непосредно по инцидентот“, соопшти Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Убиено едно лице во угостителски објект во Тетово

Твитер „врие“ за зачестените убиства: „Пукано онде, мртов таму, убиство онаму… што е ова бе?“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца загинати во вчерашната сообраќајка кај Страцин, по возачот, почина и сопатник

Редакција

Сопруг и син од Тетово приведени поради семејно насилство

Редакција

Почина пешак по удар од „шкода октавија“ на влез од паркинг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница