еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Притвор за лекарот од болница во Гостивар кој издавал и наплаќал за лажни ПЦР-тестови

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лекар од Чегране осомничен дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Осомничениот во два наврати месецов, ја злоупотребил својата положба како службено лице специјалист – инфектолог во ЈЗУ Општа болница „Др. Ферид Мурат“ во Гостивар.

Притоа, иако во наведената лабораторија воопшто не се вршеле ПЦР тестови, осомничениот на две пациентки им зел брис од нос и уста и за одреден финансиски надомест им издал лажен извештај за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот со цел да можат да патуваат во странство.

Во двата наврати тој го злоупотребил својот службен факсимил.

На овој начин, од една пациентка на 7 март наплатил 50 евра, додека на другата на 9 март и наплатил 1.500 денари, односно вкупно за себе прибавил противправна имотна корист од околу 4.500 денари,“ информираат од Обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекар од болницата во Гостивар издавал и наплатил за лажни ПЦР тестови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Единствениот кандидат, Мустафа Хајрулахи, избран за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје

Редакција

Зуди Енузи Кока нов директор на МЕПСО

Редакција

Бугарија ќе продолжи да ја блокира Македонија, повторно даде зелено светло за Албанија: Епилог од седницата на Советот за национална безбедност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница