СВР Штип поднесе кривична пријавa против М.Б.(45) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, информира МВР.
Од Судија на претходна постапка на М.Б. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Имено, на 03.01.2020 полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„Антон Панов“ во Штип, при што пронашле и одзеле автоматска пушка „хеклер“ кал.9×19мм, малокалибарска пушка непозната марка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ кал.9мм, револвер „гранд“ калибар 22мм, револвер „таурус“ и 1.119 парчиња куршуми од различен калибар.