еМагазин
Локално

Притворени двајца дебарчани кои чувале рачни бомби и муниција во штала

Полициската станица Дебар до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.Р.(36) и Р.Р.(59), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи“, информира МВР.

На 21.06.2019 година полициски службеници извршиле претрес во нивна штала во селото Шулан, при што пронашле и одзеле три рачни бомби со две  запалки, рамки за автоматска пушка, куршуми калибар 7,62 милиметри и други предмети.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снегот ги затвори патиштата: Граѓаните околу Беровско езеро да не тргнуваат на пат, за храна и лекови нека се јавуваат на 112

Редакција

Маж од Струга починал во автобус во Србија

Редакција

Бугарите го одбраа Делчево за посакувана дестинација за дочек на 2022 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница