еМагазин
Локално

Приведени 11 танчерки и пејачки во гостиварско

Во последната акција на полицијата во два угостутелски објекта во Гостиварско приведени се и задржани 11 женски лица, информираат од СВР Тетово.

Во акциската контрола спроведена во периодот од 23 до 5 часот утрово, во угостителски објект во село Чегране, сопственост на 50-годишниот чегранец А.Ш, затекнати се вкупно девет женски лица. Од нив, седум странски и две државјанки на Република Македонија, кои како пејачки и танчерки ги забавувале присутните гости.

Шест од нив  на возраст од  21 до 47-годишна возраст биле од Република Албанија и една од Република Грција и заедно со сопственикот нa  објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Во угостителски објект лоциран на улица „Тоде Богдановски“ во Гостивар, затекнати се четири албански државјанки на возраст од 22 до 39 години кои, исто така, се приведени и задржани за натамошна постапка.

Фото: theplunge.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куршум од ловџиска пушка погоди штипјанец додека работел на нива

Редакција

Свадба со околу 120 гости во угостителски објект во Добродол, објектот затворен

Редакција

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница