еМагазин
Локално

Приведени двајца цариници за поткуп: Џебовите и фиоките им биле полни со евра и франци

Двајца царински службеници од граничниот премин Табановце се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Осомничени се за примање поткуп.

СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за Економски криминалитет во содејство со Секторот за професионална одговорност – Одделението за внатрешни истраги при Царинска Управа на РСМ постапувало по пријавено кривично дело по чл.357 од Кривичниот законик на РСМ „примање поткуп” од страна на царински службеници на граничниот премин Табановце.

„На 28.07.2019 во 03:00 часот примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на ГП Табановце при влез во Република Северна Македонија, по што од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од село Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце пронајдени се 1.670 евра и 190 швајцарски франци“, потврдуваат од МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „Градска“ опколена со полиција, откако по вооружена пресметка во селото Љубош се донесени двајца повредени

Редакција

Тешко повреден вработен во АРМ при постапка за деактивирање

Редакција

Кривична пријава за бесправно градење во Бутел на парцела од 11.042 квадрати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница