еМагазин
Image default
Локално

Приведени тројца гостиварчани кои „лудувале“ по дома

На 09.04.2020 околу 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.Н.(34) од Гостивар, поради сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и И.М.(35) и С.Т.(36), исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за „неовластено снимање“, информира МВР.

На нивното лишување му претходела пријавена поплака за нарушување на јавниот ред и мир на ул.„Мара Угринова“ во Гостивар, по што биле преземени соодветни службени дејствија од полициските службеници.

Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради посетата на Урсула фон дер Лајен посебен режим на сообраќајот во четврток

Редакција

Центарот на Тиквешијата расте во модерен град: Поглед кон Кавадарци низ илјада ARTEVO прозорци

Редакција

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена поголема сума на пари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница