еМагазин
Image default
Македонија

Приведените борци на ИСИС од Македонија, на МВР и ги испратиле со авион Американците

Седуммината борци на ИСИС по потекло од Македонија кои вчера МВР ги приведе, биле лишени од слобода на Меѓународниот аеродромот-Скопје.

Од МВР за МИА појаснуваат дека терористите, за кои имаше потерница, биле донесени со авион од американската војска и биле предадени на Министерството за внатрешни работи.

-Моментот на нивно лишување од слобода настапува по потврдувањето на нивниот идентитет, а тоа се случи на аеродромот во Скопје, изјавија од МВР за МИА.

Партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, седуммината македонски државјани ги уапсила во Сирија, под основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.

Во текот на денот имаше реакции на опозициските политички партии на информациите што од МВР излегоа во врска со овој случај во текот на вчерашниот ден и особено по денешните написи во американските медиуми за местото на нивното приведување.

Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, за кои е распишана меѓународна потерница и за кои според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016).

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Груевски му „цвета“ бизнисот во Унгарија, за пет месеци неговата фирма има добивка од 10 илјади евра

Редакција

Владата започна постапка за набавка на дополнителни 200.000 дози вакцина против Ковид-19

Редакција

Приведени вкупно четири лица за случајот „Јавна соба“, акцијата на МВР продолжува

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница