еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Привремено по смената на Велковски, БЈБ ќе го води Бесим Деари

Владата на седница вчера го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Лазе Велковски.

Барањето за разрешување на Велковски беше поднесено од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако во јавноста беше обелоденето дека со службено возило ќерката на Велковски била однесена на одмор во Грција.

За сега не е е предложен, ниту избран нов директор. Телевизијата Телма објави дека привремено до изборот на нов директор, со највисока позиција во полицијата и во БЈБ ќе раководи заменик директорот, Бесим Деари.

Од 2002 година до сега, Деари повеќе од дест години ја извршува истата функција. Работел со шестмина различни директори и седум различни министри, објави теливизијата.

Неофицијално, во јавноста како кандидати за директорското место во БЈБ се споменуваат Миле Зечевиќ, поранешен директор на УБК и актуелен надворешен советник на премиерот Зоран Заев, Сашо Тасевски кој е началник на Одделот за обезбедување популарно наречена Шеста управа како и долгогодишниот припадник на МВР, Кирил Митиќ.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во камион откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Редакција

Можно е корона вирусот да бил присутен кај нас многу порано од што се знае

Редакција

„Мира Дизел во два дена си го вработи синот, братот и си го унапреди мажот„: “Завидлизам“ на Заев, хит на Твитер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница