еМагазин
Image default
Македонија

Продлжува судењето за „организаторите на 27 април”

Судењето за „организаторите на 27 април” денеска со ново рочиште продолжува во Кривичниот суд Скопје.

На претходното рочиште за овој предмет кој е во доказна постапка сведочеше поранешниот републички јавен обвинител Марко Зверлевки, по предлог на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Според обвинителниот акт за овој предмет тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ќе поднесе оставка следната недела, за успехот на Ковачевски како премиер предвидува дека ќе биде меѓувладината конференција

Редакција

Заменик министерката Тренчевска го демантира министерот Велковски

Редакција

Убава вест: Оздравени 632 пациенти од Ковид-19, најмногу во Скопје 169

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница