еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Продолжениот викенд со неповолни временски услови: Облачно и студено со повремен дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 11 степени.

И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер, информираат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Редакција

(Аудио) Пет нови „бомби“: Јанакиески и Јанушев договараат „Бетон“ да плати 190.000 евра за авионски превоз

Редакција

За тие што имаат автомобили со бугарски таблички: До 6 месеци возилата може да престојуваат во Македонија и да не плаќаат давачки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница