еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува интересот за вакцинација, вкупно ревакцинирани 485.464 граѓани

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани. Министерството за здравство (МЗ) информира дека во текот на вчерашниот ден е забележан значителено зголемен интерес за вакцинација.

Според информациите од Министерството, вчера прва доза вакција примиле 11.732 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.427 граѓани.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, се вели во соопштението од МЗ.

Досега, во државата вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485.464 граѓани.

– Со последните бројки, 68 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, велат од МЗ.

Вакцинирањето се одвива без закажување во вакциналните пунктови низ државата, додека теренската вакцинација се одвива со ротации на медицинските екипи во секое село, рурално населено место и населба.

За вакцинирање на децата мора да се закаже термин преку сајтот vakcinacija.mk.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влатко Ѓорчев ќе се кандидира за претседател на Македонија

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Спасовски: Има индиции дека „Диво насеље“ се случи за да се спречи објавувањето на „бомбите“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница